Политика за приватност
Сите информации се собираат на веб-страната на
SLC Group кој ја врши својата дејност како SLC Group („SLC Group“). SLC Group
се залага за заштитување на вашата приватност и одговорно ќе ги користи вашите
лични податоци. Ве молиме подолу прочитајте повеќе детали за нашата политика на
приватност.
Собирање на податоци и нивна употреба
SLC Group е сопственик на сите податоци кои се
собрани на оваа веб-страна. Ние нема да ги споделиме, ниту ќе ги нудиме личните
податоци на било кое друго лице на било каков начин кој е различен од она што
вам ви е гарантирано со оваа политика. Податоците може да ги добиеме од неколку
различни точки на нашата веб-страна при ваша нарачка и други интеракции каде
вие ги обезбедувате вашите лични податоци.
При интерактивна комуникација може да ни
обезбедите лични податоци како на пример вашето име, адреса, телефонски број и
е-маил адреса. Демографските лични податоци како приходи, пол, и други ваши
лични податоци може да ги добиеме од вас на доброволна основа.
Исто така може да собереме и онлајн
податоци за вашите нарачки и купувања на веб-страните кои ги хостираме (како
онаа на SLC Group) со цел да се подобри содржината, да се поедностави
употребата и искуството при купување на овие веб-страни и да се подобри нашиот
маркетинг и промоција за нашата компанија во целост и особено веб-страните.
Покрај тоа, нашиот веб-сервер може автоматски
да ги прибере следните неперсонални идентификациски податоци:
- адресата на вашиот сервисен провајдер
- URL и
- информации за страниците на кои пристапувате
преку нашата страна
Личните податоци кои ги обезбедувате на SLC
Group ќе ги употребиме за целите да овозможиме SLC Group да ве контактира по
ваше барање со што ќе станете дел од SLC Group. SLC Group исто така ќе ги
употреби вашите лични податоци за да ве известува за развивањата или можностите
во врска со SLC Group, или било кои од нивните производи или услуги.
Исто така можеме да собереме и информации при
ваша нарачка од SLC Group со цел да ја обработиме вашата нарачка или купување,
како и да извршиме наплата од вашата кредитна картичка, да обезбедиме гаранција
или да ве информираме за промоциите и производите на SLC Group. Исто така
можеме да ви пратиме е-маил со понуда од маркетинг партнери кои нудат производи
или услуги за кои веруваме дека би биле од ваш интерес.
Не користиме трети компании за собирање на
информации и обезбедување на услуги кон нас, на пример одржување и организирање
на податоци за клиентот и промоции, надградба на нашите интернет услуги,
комуникации и контактирање со нашите клиенти. Некои од овие трети лица ќе имаат
пристап до информациите кои ги нудат клиентите, вклучувајќи е-маил адреси и
податоци од кредитни картички и може исто така да употребат „колачиња“ во име
на SLC Group.
Доколку имате било какви прашања во однос на
вашите информации или сакате да бидете отстранети од нашата е-маил листа, ве
молиме контактирајте не на адресата наведена на крајот на оваа политика на
приватност.
ДРУГИ ТЕХНОЛОГИИ ЗА
СЛЕДЕЊЕ
Ние може повремено да користиме други, слични технологии,
како што се web beacons, pixels (или “clear gifs”) и други технологии за
следење. Ова се минијатурни графички фајлови кои содржат единствен
идентификатор кој ни овозможува да препознаеме кога некој ги посетил нашите веб
страни. Ова ни овозможува, на пример, да ги следиме моделите на интернет
сообраќај на корисниците од една од нашите веб страни до друга, да испорачуваме
или да комуницираме со колачињата, да разбереме дали сте дошле до нашата веб
страна од онлајн реклама поставена на веб страна на трета страна, да ви
пласираме целни реклами вам и на други со слични интереси, да ја подобриме
перформансата на страната и да го измериме успехот на маркетинг кампањите.
Можеби вие немате можност посебно да ги одбиете или оневозможите овие
технологии на следење, но во многу случаи, овие технологии се потпираат на
колачиња за правилно да функционираат и заради тоа, во такви случаи, доколку ги
одбиете колачињата, ќе го нарушите функционрањето на овие технологии
Деца
Нашата намера не е да собереме било какви
информации од деца под 18 годишна возраст. Доколку истите ни се обезбедени од
страна на родител или старател, тогаш би сакале истите да бидат избришани од
нашата евиденција, тој или таа треба да не контактира преку е-маил адреса или
телефон наведени најдолу на оваа политика. Последователно ние ги бришеме сите
лични податоци за детето од нашите датотеки.
Доколку дознаеме дека се собрани лични
идентификациски податоци од дете под 13 годишна возраст, истите информации ние ќе
ги употребиме за да го контактираме родителот или старателот со цел да добиеме
валидна родителска согласност. Доколку не добиеме согласност по одреден рок,
или доколку при контактирање родителот или старателот побара од нас на не се
одржуваат или употребуваат таквите информации, ќе направиме разумен напор да ги
избришеме од нашата евиденција. По барање од родителот или старателот, SLC
Group ќе обезбеди опис на одредените видови на лични податоци кои се собрани од
детето кое е под 13 годишна возраст.
Колачиња и IP адреси
Колаче е дел од информација зачувана во вашиот
хард диск кој ги содржи вашите податоци. SLC Group може да постави колачиња во
вашиот хард диск со цел да се потпомогне навигацијата врз веб-страната и заради
ваше поудобно искуство на веб-страната. Доколку сакате да ги оневозможите овие
колачиња, голем број од интернет прелистувачите ќе ви овозможат да ги избришете
колачињата од вашиот хард диск, да спречи нивно зачувување, или да ви даде
сигнал пред да се зачува колаче. Проверете ги инструкциите на вашиот
прелистувач или преку полето „помош“ може да научите повеќе за овие функции.
Доколку изберете да ги блокирате колачињата, ве молиме имајте во предвид дека
нема да имате целосна предност врз карактеристиките и функциите на
веб-страната.
Можеме да употребиме и услуги на продавач со
цел да помогнеме на SLC Group да ја утврди ефективноста во рекламирање и да
научи повеќе за тоа како посетителите на нашите веб-страни ги користат истите.
За да се добијат прецизни мерки, користиме веб-ознаки и колачиња кои ни се
обезбедени од одреден продавач на нашите веб-страни. Видот на информација која
би ја прибрале ќе вклучува одредени посетени веб-страни и страници и информации
за направени трансакции. Користиме и податоци за спроведување на целни
маркетинг програми или да ја утврдиме природата на нашите клиенти и видот на
производи кои на клиентите им е најпривлечен.
Може да ја искористиме и
вашата IP адреса за да помогнеме при дијагностика на проблеми со
нашите сервери и администрирање на нашата веб-страница.
Вашата IP адреса исто така може да се употреби за собирање на
демографски податоци и препознавање на моделите на сообраќај и употребата на
сајтот од страна на клиентот.
Линкови до други веб-страни
Повремено SLC Group може да има линк до други
веб-страни на маркетинг партнери заради ваша удобност. Проверете ги политиките
на приватност на овие веб-страни кои може да се разликуваат од оваа.
Не превземаме никаква одговорност за
содржината, дејствијата или политиките од веб-страни на трети лица.
Вклучувањето на веб-страни од трети лица на нашиот сајт нема во никој случај да
претставува одобрение за содржината, дејствијата или политиките на тие
веб-страни.
Анкети и натпревари
Веб-страната на SLC Group можно е да ви побара
лични податоци преку електронски запис заради учество на натпревари, наградни
игри или анкети. Доколку одберете да ги обезбедите побараните лични податоци,
ние ќе ги употребиме овие лични податоци за вашето учество во наградната игра,
натпревар или анкета и на други начини определени со оваа политика на
приватност.
Право на пристап и промена на информации
Имате право на пристап, преглед и промена на
било кои лични податоци кои ги имаме задржано. За да пристапите или ги
промените личните податоци, ве молиме контактирајте не преку телефон, пошта или
преку е-маил на адресите наведени подолу.
Безбедност
SLC Group има усвоено разумни технички и
организациски безбедносни мерки за да се спречи неовластен или незаконски
пристап на или случајна загуба или уништување на вашите лични податоци. На оваа
веб-страна нема да се задржат сите лични податоци. Оние лични податоци кои се
задржани се енкриптирани , а сите системи поврзани со интернет се обезбедени со
огнени ѕидови (firewall) кои редовно се тестираат за да се овозможи висока
безбедност.
Можеме да ги задржиме и вашите лични податоци
во нашето седиште во Скопје, Македонија. Доколку имате било какво прашање во
однос на употребата на вашите податоци или сакате истите да се отстранат од
нашата е-маил листа, ве молиме контактирајте не на адресата подолу на крајот на
оваа политика на приватност.
Промени во Политиката на приватност
За било каква промена во нашата политика на
приватност ќе известиме преку соодветни делови на нашата веб-страна при промена
на нашата политика. Сепак, вашата согласност за обезбедување на информации
согласно тековната полиса ќе се земе во предвид како согласност за било која
нова политика. Со ваша континуирана употреба на оваа веб-страна, ќе земеме во
предвид дека сте согласни да ги обезбедите личните податоци согласно оваа
политика на приватност.
Контакт
Ве молиме контактирајте не доколку имате било
какви прашања за нашите практики на приватност, за оваа политика на приватност
или за заштитата на вашите лични податоци.
SLC Group
1000 Скопје, Македонија
Телефон: Поддршка на корисници: +389 78 215
929
Е-маил: marketing@slimline-club.com