SLC ADVANCE


Citrus Aurantium(eкстракт од кора на горчлив портокал

Подетално објаснување( фармаколошки својства)

Пречистениот екстракт добиен од кората (перикарпот, без сунѓерастиот дел од ткивото) на плодот на горчливиот портокал (Citrus aurantium) содржи етерични масла: лимонен, нерол, гераниол и линалилол. Исто така, богат е со флавоноиди: синефрин, неохесперидин, нарингин. Од етеричните масла, најзастапен е лимоненот со 90%, парасинефрин 6% и октопамин. 

Кората од горчливиот портокал содржи алкалоиди кои ја зголемуваат енергетската потрошувачка во организмот од една странаа од друга страна го намалуваат внесувањето на храната преку активирање на алфа- и бета-адренергичните рецептори. Исто така, можат да влијаат и врз намалување на желбата за јадење поради намалената гастрична активност.

Механизам на дејство

Синефринот има стимулирачко дејство, односно е агонист на алфа- и бета-адренорецепторите. Дејството на октопаминот се манифестира со стимулирање на липолизата во масните клетки преку активација на бета-3-адреналниот рецептор што претставува искористен ефект за термогеното својство и супресант на апетитот.

Фармаколошко дејство на компонентите присутни во екстрактот од кората на горчливиот портокал:

-  антиспазмолитично,

-  седативно,

-  демулцентно,

-  тонично,

-  васкуларен стимуланс.

Синефринот го зголемува искористувањето на енергијата и го намалува внесот на храна преку стимулирање на алфа- и бета-адренергичните рецептори, со што се делува и врз зголемувањето на гастричниот мотилитет. Поради тоа, се користи како замена на ефедрата за намалување на телесната тежина.

 

 

Состојката Алое вера помага во спречување на оксидацијата!

EFSA  Journal 2010;8(2):1489 Scientific Opinion on the substantiation of health claims related to various food(s)/food constituent(s) and protection of cells from premature aging, antioxidant activity, antioxidant content and antioxidant properties, and protection of DNA, proteins and lipids from oxidative damage pursuant to Article 13(1) of Regulation (EC) No 1924/20061

 

   Citrus spp. Пектин од Цитрус 

(EFSA Panel on Dietetic Products Nutrition and Allergies (NDA), 2010f)

 Научно мислење за здравствени тврдења од извор EFSA journal 2011;9(6):2203

Пектините и одржување на нормални концентрации на холестерол во крвта(проект 4236)

 

Ефектот на здравственото тврдење се однесува на  "контрола на телесната тежина и контрола на липидите (преку диеталните влакна)".

Панелот претпоставува дека целната популација е општата популација.

Не се обезбедени  референци за контрола на телесната тежина во консолидираната листа. Во контекст на предложениот текстот, Панелот претпоставува дека барањето

за ефектот на здравственото тврдење се однесува на одржување на нормална концентрација на холестеролот во крвта. Здравственото тврдење за пектините и одржување на нормална концентрација на холестеролот во крвта веќе е оценета со поволен исход .

 Smilax spp. - Корен на Smilax spp, познат како Salsaparilla.

  Содржи фитостероли заради што  ова растение помага за хормонален баланс кај жените . Влегува во состав на препаратите за слабење како диуретик,но покрај тоа сарсапарилата е одличен детоксификатор –го прочистува телото од токсините.

 

5. Angelica Arhangelica (L) , Ангелика-е традиционално кинеско растение кое содржи кумарин ,фитостероли ,полисахариди,флавоноиди и има антиоксидативно дејство. Флавоноидите се биолошки активни компоненти кои делуваат рестриктивно врз калориите во организмо и го забавуваат процесот на стареењето. Тие, со искористување на вишокот на естроген во телото, делуваат антиканцерогено. Преку своите структурни особини, ја инхибираат протеин киназата и липидната киназа на ниво на клетки.

 

 6. Култура од микроорганизми Lactobacillus acidophilus


Многу болести започнуваат во нашиот дигестивен систем.Употребата на антибиотици ги убива добрите бактерии кои ја нормализираат цревната флора.Без тие добри бактерии се нарушува варењето на храната а расте и концентрацијата на габичката кандида која може да предизвика кандидијаза .(позната  на голем број жени).

Па затоа треба да се обнови цревната флора и да се зголеми имуниот систем.

Lactobacilus Acidophilus се пробиотици  кои дават одредени бенефити врз здравјето на човекот  ,може да ги употребуваат сите а неопходно е да ги употребуват луѓе со: ГИТ нарушувања,осетливи на глутен,луѓе кои имаат улцер,гастрит,колит,дијареа и опстипација. Помага кај луѓе со хронични габични инфекции,намален имунитет,стрес.

 

Резиме 
Овој производ е додаток на исхрана и е наменет за оние кои сакаат да ја одржуваат својата телесна тежина.


Активните состојки на овој производ придонесуваат во :

      · намалување на апетитот
· 
одржување или постигнување на нормална телесна тежина,
· з
големување на бета-оксидација на масни киселини, што доведува до намалување на масата на телесните масти,
· диуретично дејство,
· подобрување на  функцијата на цревата и целиот интестален систем

· олеснување на  функцијата на дигестивниот тракт.
· одржување на нормална концентрација на LDL-холестеролот во крвта.
 
 

 

Нема производи во оваа категорија.