ДЕМАНТ

ДЕМАНТ

За објавите на Новинарката Лила Караташева од Здружението на граѓани ИСТРАЖУВАЧКА РЕПОРТЕРСКА ЛАБОРАТОРИЈА-ИРЛ Скопје, а во врска со Друштвото СЛЦ ГРУП ДОО Скопје, нагласуваме дека со наведеното во статијата од 18.03.2022 година  се изнесуваат голем број на лаги иако овој новинар за цело време присуствуваше на расправите во судската постапка и ги знае фактите. Иако новинарот Лила Караташева е должна да ги почитува професионалните стандарди во пренесување на информациите и должна е да биде објективна, чесна и точна во пренесувањето, истата буквално манипулира со јавноста во врска со производите кои ние ги увезуваме во РСМ.

Лага е дека производите кои ние ги увезуваме се лажно декларирани како суплементи и дека содржеле антидепресиви и опасни лекови за слабеење.

Манипулација е да се објават непотполни информации, а со истото се прави штета на сите наши постојни производи. Сите се тестирани по налог на  Агенција за Храна и Ветеринарство и се здрави и безбедни за користење.  Единствено точно е дека се води судска постапка за еден суплемент, еден производ и тоа само една серија за наводно постоење сибутрамин во истиот. За истиот производ и претходно , претходните пратки се тестирани и не е најдено присуство на сибутрамин. Имено, производите кои ние ги увезуваме поминуваат низ процедури кои државата ги определила за влез во државата и нивен пласман . Ние не ги произведуваме, нити можеме да влијаеме на составот на производите. Состојките на истите ни ги испраќа производителот, односно производите се регистрираат согласно добиените производни спецификации од производителот.

Уште една лага во насока на манипулација на јавноста е дека полицијата има наредба за отстранување на веб страната на СЛЦ ГРУП ДОО. Таква наредба не постои.

Нагласуваме дека со името Слим Лајн има повеќе фирми, во повеќе држави, но ние немаме никаква врска со истите, ниту сме сопственици, ниту имаме некаков пристап до нив, а истите продаваат исти или слични производи кои веројатно ги увезуваат од ист производител. Било какво поврзување на нас со други компании претставува манипулирање на јавноста.

Не е точно дека Слим Лајн , односно СЛЦ ГРУП ДОО не се дел од регистарот.

Инфлуенсери рекламираат чаеви и други суплементи кои се наполно здрави и коe нешто е потврдено од страна на Агенција за Храна и Ветеринарство.

Супер Слим капсулите не се предмет на никаква постапка и се испитани од Агенција за Храна и Ветеринарство и постои потврда за нивната безбедност.

Исто така чајот и кафето кои од Агенција за Храна и Ветеринарство се категоризирани како храна , а не додаток на храна, при секој увоз подлежат на санитарна контрола согласно законските одредби за увоз на храна. При инспекцискиот надзор од АХВ исто така е констатирано дека овие производи се безбедни за користење,  а дополнително и  ние како компанија, веќе поучени од ваквите обиди за оцрнување на нашата компанија правиме тестови со кои ја потврдуваме нивната безбедност.

Ниту еден од овие производи: чај,  кафе и капсули супер слим, не содржи било каква штетна супстанца за што поседуваме и материјални докази од лабораториски анализи со кои е утврдено дека се целосно испитани производи  и одобрени за ставање во промет.

Понатаму, изразуваме голема почит кон делото и ракометната кариера на Горан Кузмановски и секогаш сме на страната на нашите спортисти, но изразуваме огромен сомнеж во неговиот лик да своите проблеми со тежина како професионален спортист тврди дека пробал да ги реши баш со користење на наш производ, а не со физичка активност и напорни тренинзи во припремниот период. Во сенка е и професионалноста, бидејки прав професионален спортист за додатоци за исхрана не се консултира со аптекарка, туку со личен спортски доктор или тренер. Во сенка се и неговите намери со наводното користење на нашиот производ. Вакво прикажување на лаги е со една цел , а тоа е да се наштети на СЛЦ ГРУП , а веројатно за да се заработат пари, бидејќи ракометарот има поднесено тужба со која побарува наводна штета од 23.000.000,00 денари.

Се поставува прашањето која е мотивираноста и на новинарката, да доаѓа на секое рочиште, да се вклучи во веќе започната судска постапка, да зазема страна, да изнесува невистини и да прави огромна штета на работењето на нашата компанија и нашиот постоен асортиман за кој што и АХВ потврдува дека се здрави и безбедни за користење. Без правосилно да заврши постапката и без да се изведат сите докази, не си го дозволуваат ни државните органи, знаејќи дека со таквото постапување вршат влијание на судот што постапува во постапката што е во тек. Со тоа и причинува огромна штета на угледот на нашата фирма и на целата нејзина дејност, а при тоа постапката што се води е за само за еден поединечен сегмент од дејноста на фирмата, кој што ионака повеќе не е во промет.

Поради овие изнесени невистини и клевети бараме од Здружението на граѓани истражувачка  репортерска лабораторија – ирл Скопје, да објават демант и јавно да се извинат за напишаните невистини од страна на нивната новинарка и повеќе да не ја манипулираат јавноста. -Исто така ЈАВНО од Здружението бараме да ни достават и да ни укажат каде може да го видиме ФИНАНСИСКИОТ ИЗВЕШТАЈ ЗА МИНАТАТА ГОДИНА,  бидејќи истиот мора да биде достапен до јавноста , како и за оваа година , а согласно Законот за здруженија и фондации.

Нагласуваме дека за нанесената штета , која е очигледна и со намера ќе поведеме судска постапка.

 

Скопје, 22.03.2022                                                                                     СЛЦ ГРУП доо Скопје 


Застапувано од




Нема производи во оваа категорија.