SLC Super Slim
Додаток во исхрана во вид на капсули наменет за редуцирање и одржување на телесната тежина. Пречистените екстракти од растителни билки делуваат на намалување на апетитот и забрзување на метаболизмот.
ДЕЈСТВО
Намален
апетит: намалена прекумерна потреба за храна и подобра апсорпција на
нутриенсите, согорување на масните наслаги таму каде се најприсутни, снабдување
на организмот со повеќе енергија, успорување на процесот на стареење заради
присуство на антиоксиданти.
Многубројни
пречистени екстракти од лековити билки
го забрзуваат телесниот метаболизам на орагнизмот што предизвикува
смалување на масните наслаги кај адипозните луѓе. Одредени компоненти се
супресанти на апетитот што дополнително
овозможува појава на ситост, а со тоа и намалување на дневните оброци и
постепено губење на телесната тежина.
Исто така, екстрактите делуваат и врз секрецијата
на гастричната киселина во желудникот, со што се намалува
и апсорпцијата на храната. Катехинските соединенија, , полифенолите и
флавоноидитеод екстрактот на зелениот чај, имаат јак антиоксидациски ефект
ПОКАЗАТЕЛИ ЗА ПРИМЕНА НА ПРОИЗВОДОТ
- супресија на апетитот;
- зголемување на диурезата;
- подобрена апсорпција на нутриенсите;
- антиоксидантно дејство;
- успорување на процесот на стареење.
Екстрактите од лековитите билки присутни во комбинацијата (Citrus aurantium, Camellia sinensis, Taraxacum officinale, Juniperus communis fructis, Citrus spp.( преку нивната липолитичка активност, овозможуваат топење на масните наслаги.
Кетонот од малина е природно соединение изолирано од градинарски малини. Тоа е моќна комбинација на антиоксиданти и
фенолни ензими која е идеална за вашето здравје, а исто така е одговорна и за
слабеење. Ефектите против
дебелината се должат на стимулацијата на липолизата (тоа е како телото ја
разложува маснотијата во масни клетки наречени адипоцити) и во редовното масно
ткиво и во масното ткиво на кафеава боја. Исто така, го потисннува ослободувањето
на панкреасната липаза, дигестивниот ензим потребен за раскинување на диететските масти за да можат да се апсорбираат преку ѕидот на тенкото црево.
Научните истражувања утврдија врска помеѓу
потрошувачката на кетони од малина и синтезата на протеините. Докажано е дека
супстанцијата го подобрува метаболизмот, промовира подобра апсорпција на
хранливите материи од храната и ни овозможува да го претвориме телото во режим
на согорување на маснотии.
Citrus aurantium (горчлив портокал) Екстрактот од горчливиот портокал, содржи метаболит на тираминот (N-метил-тирамин), октопамин и синефрин, супстанции хемиски слични на епинефринот, кои што делуваат на a-адренергичните рецептори, предизвикувајќи редуцирање на апетитот и забрзување на метаболизмот до степен што организмот самиот почнува да ги согорува калориите, со што се овозможува губење на мастите од прекумерните адипозни наслаги. Термогениот ефект и согорувањето на калориите кои се манифестираат како резултат на стимулираната липолиза во организмот, не дава при тоа негативни реакции (ексцитации) врз централниот нервен систем и кардиоваскуларниот систем.
Биоперинот
(стандардизиран екстракт од црн бибер Piper nigrum L.) е прочистена форма од плодот на црниот бибер,
кој што ја овозможува апсорпцијата на нутриентите, а поседува и природна
термогена активност со која се забрзуваат метаболитичките процеси во
организмот. Но особено важно е што овозможува здраво и постепено намалување на
вишокот килограми преку стимулативното дејство на ензимите потребни за дигестија. Посебно стимулативно делува на
глутамил-транспетидазата и ензимите кои директно делуваат на разградувањето на
мастите и трнсформирање на нутриентите во форма погодна за нивна апсорпција.
Екстрактот од зелениот чај има 20 пати поголема антиоксидативна активност во однос на витаминот Ц, што се должи на катехините кои се претставени со 4 главни епикатехински деривати. Исто така, содржи и флавоноиди и кофеин, кои што имаат ефект врз циклусот на клеточната делба на туморските клетки. Активните компоненти од екстрактот ги врзуваат слободните радикали кои потекнуваат од мастите, односно делуваат антитоксично.
Гуараната( Paullinia qupana) претставува
природен енергетски извор и придонесува за намалување на прекумерната телесна
тежина на природен начин, делувајќи адстрингентно и антиоксидативно. Поради
содржината на кофеин дава дополнителна енергија и е честа состојка на
енергетските напитоци.
Citrus sp.(цитрон) се богати со
етерични масла и витамини а нивниот горчлив вкус овозможува подобро варење на
храната и јакнење на имунитетот на организмот посебно во време на диети и
намален внес на храна.
Taraxacum officinale (глуварче)
кое е доста богато со витамини и провитамини како и минерални материи кои
се многу важни да се внесуваат во
поголеми количини.
Apium graveolens semen (целер),
изобилува со ароматични материи и лути состојки кои го убрзуваат варењето на
храната а со тоа и искористувањето на хранливите материи. Целерот од стари
времиња се употребувал како средство кое овозможува исфрлање на вишокот.
Juniperus communis fructis (смрека) придонесуваат за зголемената диуреза и детоксикација на организмот со што се надоврзуваат на активноста на целерот. Има антисептично дејство и изобилува со танини и гликозиди како хранливи состојки.
Капсицинот како алкалоид добиен од Capsicum sp.(лута пиперка), ја подобрува циркулацијата а со тоа и размената на материи и кислород до клетките на ткивата и органите.
Ризомот на Zingiber radix (ѓумбир) садржи скроб, и етерни масла кои во азиските системи на лечење се употребуваат при проблеми со варење на храната, поради стимулативното дејство врз органите за варење како и излачување на непотребните материи.
Кверцетин (флавоноид).
ја надополнува активноста на оваа хербална мешавина и со тоа го постигнуваат саканиот ефект на здраво, ефикасно и постепено намалување на вишокот килограми преку забрзан метаболизам, разградување(липолиза) на масните наслаги и зголемена ензимска активност во процесот на дигестија.
Начин на употреба: Се земаат 2 капсули SLC Super Slim, еден час после првиот оброк
Овој состав овозможува здраво и постепено намалување на вишокот килограми и не претставува никакво додатно оптеретување на кардиоваскуларниот систем и воопшто на целиот организам.
Сите овие состојки се од растително потекло со свои посебни атрибути и уникатност кои овозможуваат избалансираност во метаболичките процеси и што е најважно произведени се со (GMP) норми и стандарди на безбедност и сигурност. А безбедноста на ваквите производи е од посебен интерес не само на производителите туку и на консументите.
Важни информации: Пациентите кои земаат лекови
пред употреба да се консултираат со лекар. Производот не се препорачува
да го користат луѓе кои имаат алергија на било од компонентите.
Производот не се препорачува да го користат деца, бремени жени и доилки. Овој
производ не е замена за здрава и урамнотежена исхрана. Не надминувајте ја
препорачаната дневна доза. Овој производ не е наменет за дијагностицирање,
лекување или спречување на болести.
Контраиндикации
- Зголемена чувствителност на составните компоненти на производот.
- Пациенти со прележан инфаркт, тешки срцеви заболувања и висок крвен притисок.