Summer 30

  • Summer 30
Код на производ: 3131313
Достапност:59
Price: 1,950.00MKD
Points: 50
Кол.: - OR -

Овој пакет помага да го изгубите апетитот и вишокот килограми  без гладување и напорно вежбање. Не само што ќе го исфрлите вишокот вода, туку и брзо ќе ги стопите масните наслаги и тоа таму каде што најмногу ги имате.


 

ЗОШТО Summer 30 Bundle?

·       Го потиснува апетитот

·       Ја намалува надуеноста

·       Детоксикација на телото

·       Го забрзува метаболизмот

·       Ги согорува мастите

·       Го намалува обемот на струкот

Summer 30 Bundleе наменет e за 30 дена и содржи:

·       10 ќесички SLC Suppresso Coffee за намалување на апетитот

·       60 SLC Super Slim капсули за слабеење

·       20 вреќички SLC Detox Tea чај за детоксикација


 

SLC Suppresso

Заменете го утринското кафе со Кафето SLC Suppresso. Вашиот ден ќе биде исполнет со енергија и подвижност, а истовремено  апетитот ќе ви се намали. Додека вкусот на арабика ве освојува, Л-карнитинот кој е во состав на кафето го забрзува метаболизмот, калориите се согоруваат дополнително дури и кога не вежбате.

1 (една) ќесичка од 5гр.содржи: Кафе арабика (Coffea Arabica) 3.5гр , Л-Карнитин (L-carnitine-l-tartrate ) 0.3гр, Диетални(растителни ) влакна  1.0гр, Гранулатен шеќер 0.2гр

Состав:Биоперин 10мг, зелен чај 210 мг, горок портокал 75мг , гуарана 20мг, глуварче 15мг, кетони од малина 35мг,смрека 25мг, семки од целер25мг, екстракт од луто пиперче 20мг, цитрус 18мг, кверцтин(флавоноид) 27мг.


SLC Detox Tea

Чајот за детоксикација SLC Detox Tea помага да ги исфрлите сите наталожени токсини кои сте ги стекнале од неправилната исхрана и вишокот килограми. Така прочистени од внатре било колку храна да внесете, организмот успешно ќе го превземе она што му е потребно од хранливите состојки, а вишокот со помош на чајот многу побрзо ќе го исфрли. Чајот содржи 20 филтер вреќички, а секоја вреќичка содржи  6 супер билки кои се 100% органски и делуваат синергично :Лист од Зелен чај (45%),главен прочистувач од токсини, согорувач на маститеПлод од  Цитрус во гранули (7%),  антивоспалително делува и ја подобрува функцијата на цреватаСеме од Јобови солзички (18%), диуретик и регулатор на метаболизмот на течностиПлод од Гуарана во гранули (12%), ги инхибира масните центри и дава повеќе енергија Корен од Ѓумбир (10%),  ја подобрува дигестија и го намалува вишокот гасЛист од Глуварче (8%), антиоксиданс и ја подобрува дигестијата

Со овој пакет не само што ќе го исфрлите вишокот вода, туку и брзо ќе ги стопите масните наслаги и тоа таму каде што најмногу ги имате. И сето тоа за 30 дена без напор и гладување, без да  ги вратите изгубените килограмите. Овој пакет е идеален за oние кои патат од вишок на килограми и сакаат да имаат убава и фит фигура.

Начин на употреба:

Од 1 до 20ден – Наутро после првиот оброк се пијат две капсули SLC Super Slim. По неколку часа се става 1 вреќичка чај во 500мл топла вода (не повеќе од 100степени). Чајот се пие постепено во текот на денот. Истата вреќичка може да ја користите уште еднаш во текот на денот. Кафето се пие наместо вообичаено кафе во текот на денот и се припрема исто како обично инстант кафе со топла вода.

Од 20 до 30ден- се пијат капсулите после првиот оброк.

 

ПРЕПОРАКА:

НЕМА ПОТРЕБА ДА ДРЖИТЕ ПОСЕБЕН РЕЖИМ НА ИСХРАНА, доволно е да пазите да не се прејадете. Препорачуваме да јадете по 12 часот кога ќе ви биде првиот оброк, а последниот не покасно од 20 часот. Не земајте повеќе од два оброка и дополнителен еден овошен оброк измеѓу главните. Црното чоколадо, зелените јаболка и сезонското овошје, ќе ви го намалат чувството на гадост доколку ви се појави (посебно во првата недела кога ќе ги исфрлате токсините од организмот). Доколку осетите главоболка можно е да сте жедни, па затоа  пијте вода колку што сакате и малку повеќе од вообичаено, но не дозволувајте да бидете жедни.  

Колку се слабее месечно?

За 30 дена може да ослабете 2 до 3 конфекциски броја во обем, или 8 до 12 кг. Покрај тоа здравјето ке ви биде подобро, како резултат на тоа што ќе имате прочистен организам од токсини, намален апетит, а желбата за храна и прејадување значително ќе ја изгубите. Во исто време вашата кожа нема да биде растегната и груба како кога се слабее брзо, туку напротив ќе имате мазна и сјајна кожа.  Резултатите кај различни лица варираат и се различни кај секого, и зависат индивидуално од секој организам.

Важни информации: Лица кои земаат лекови пред земањето на производите, задолжително да се консултираат со лекар. Производот не се препорачува за употреба кај лица кои имаат алергија на некоја од компонентите. Производот не се препорачува да го употребуваат лица со болка во стомакот, илеус, шеќерна болест, крварење во долниот дел на цревата и отежнато голтање. Овој производ не е препорачливо да го користат деца, бремени жени и доилки. Да не се надминуваат препорачаните дози. Овие производи не се наменети да дијагностицираат, третираат или да спречуваат болест. Начин на чување: Да се чуваат во оригиналните пакувања, заштитени од светлина, на температура под 25°C. Да се чуваат на место недостапно за деца.

Напиши рецензија
Note: HTML не е преведен!
    Лош           Добар