SLC Vitamin D3

  • SLC Vitamin D3
Код на производ: 45465
Достапност:96
Price: 550.00MKD
Points: 10
Кол.: - OR -

Витаминот Д3 придонесува за одржување на коските, забите, мускулната функција и имунолошкиот систем. Исто така, има придонес во регулирање на апсорпцијата на калциумот и фосфорот - два минерала кои го помагаат одржувањето на здрави коски.


Витаминот Д3 (т.н. „витамин на сонцето“) тешко е да се добие природно од храната. Во повеќето видови храна се наоѓа во незначителни количини, недоволни за дневниот внес потребен на организмот. Најдобриот начин да се добие потребната количина на витамин Д3 е преку изложување на кожата на сонце. Ултра виолетовите зраци Б го обезбедуваат најголемиот дел од Витаминот Д3.


Синтезата на Витаминот Д3 во човечката кожа во есен и зима е намалена, а во лето е најчесто недоволна, посебно заради секојдневните обврски кои кај повеќето луѓе се одвиваат во затворени простории. Затоа се препорачува Витаминот Д да се внесе преку додаток на исхраната во износ од 1000 – 2000IU а во специјални случаи – 4.000 IU. Во секоја мека гелна капсули на витамин Д3 ќе добиете 55µg 2000IU витамин Д3.


Секое шишенце содржи 90 меки гелни капсули за 90 дена.

Состојки: Сончогледово масло, школка од капсула (желатин , глицерин), витамин Д3 (холекалциферол).

ПРЕДЛОГ ЗА УПОТРЕБА: Како додаток во исхраната земете 1 капсула витамин Д3 со со полна чаша вода, по можност за време на појадокот.

Напиши рецензија
Note: HTML не е преведен!
    Лош           Добар